Попладнево во Втората македонска фудбалска лига се одиграа четири натпревари, а во дербито Охрид славеше против Македонија Ѓорче Петров на гости со 2-0.
Лидерот на табелата го скрши отпорот на домаќините во завршницата од првиот дел, за потоа на десетина минути пред крајот само да го потврдат триумфот.
Победа денеска забележа и Тетекс кој со истиот резултат го совлада Детонит Плачковица, погодуваа Али и Јамини.
Најсигурен беше Работнички кој го пречека последнопласираниот Шкупи и дојде до победа од 4-0. Стрелци за дебармаалци беа: Серафимовски (двапати) и Кудијан.
Во последниот натпревар Еуромилк и Новаци одиграа без голови. Денешната програма ќе биде затворена со дуелот помеѓу Пелистер и Осогово кој се игра од 18:00 часот.