Eкипата на Пелистер без поголеми проблеми денеска ја оправда фаворитската улога славејќи против Детонит Плачковица со 6-1 со што битолскиот состав дојде до седмата победа сезонава.
Победата Пелистер ја најави со головите на Мирчевски и Пресилски во првиот дел, додека во второто полувреме стрелаа, Ивановски, Стојанов и Тасев.
Триумф во својот натпревар денеска забележа и Работнички кој на домашен терен во Дебар Маало ја совлада Беласица со 3-1. Два гола за дебармаалци во првото полувреме постигна Богданоски, а во второто полувреме погоди и Стефаноски.
На победа со идентичен резултат се радуваше и Камјани над Тетекс, додека дуелот на Македонија Ѓорче Петров и Осогово заврши без голови.
На табелата по десет кола Охирд е лидер со 25 бода, еден повеќе од Пелистер и Работнички.