Фудбал

Виљареал е пред катастрофа: ПСЖ даде четири гола во рок од осум минути (ВИДЕО)

Виљареал е пред катастрофа: ПСЖ даде четири гола во рок од осум минути (ВИДЕО)

Францускиот и европски шампион ПСЖ тргна фуриозно на гостувањето кај Виљареал и води со 4-0 на полувреме во четвртото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Сè почна во деветтата минута од натпреварот кога Жоао Невеш погоди за предност од 1-0, а тоа беше само најава за катастрофата на Виљареал.

Дезире Дуе и Сени Мајулу погодија во 12. и 13. минута за предност од 3-0, додека Фабијан Руиз во 17. минута го постигна четвртиот гол за парижаните.

ПСЖ на таков начин, во рок од осум минути, од деветтата до 17. минута успеа да стигне до убедливо водство, а доколку продолжи во исто темпо ќе следи потоп за „жолтата подморница“.