Виљареал славеше убедливо со пет гола против Манакор, додека Еспањол доживеа болна елиминација од шпанскиот Куп по драматична завршница против четвртолигашот Сестао (3-4).
Виљареал ја оправда фаворитската улога против Манакор и приреди вистинска голеада, односно со пет голови го елиминира нисколигашот.
За разлика од „жолтата подморница“, Еспањол разочара против Сестао во продолженија и беше елиминиран со 3-4.
Тимот од Барселона погоди за водство преку Маркос Фернандез Санчез, по што Адри Карион и Андони Угарте стрелаа за пресврт (2-1).
Роберто Фернандез ги спаси гостите од елиминација и погоди за 2-2, по што Еспањол во продолженијата прв постигна гол преку Габриел Москардо.
Радоста на гостинскиот тим не траеше долго бидејќи Лака и Јон Ројо до крајот го шокираа Еспањол и со 4-3 го испратија Сестао во следната рунда.