Португалскиот репрезентативец и член на ПСЖ ги демантираше гласините за нарушени односи во националниот тим и упати силна поддршка за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Португалскиот фудбалер Витиња упати силна поддршка за Кристијано Роналдо по бранот критики и шпекулации кои го зафатија капитенот на репрезентацијата во последниот период. Врската меѓу поискусните и помладите играчи во националниот тим беше тема на бројни дискусии во португалските медиуми, но фудбалерот на Пари Сен Жермен реши јавно да стави крај на сите градски муабети и негативни коментари.
Витиња истакна дека Роналдо и понатаму има незаменлива улога во соблекувалната и дека неговото присуство претставува дополнителен мотив за сите репрезентативци. Тој потенцираше дека атмосферата во екипата е на високо ниво и дека целиот тим цврсто стои зад својот капитен, кој со својот професионализам и искуство продолжува да биде пример за помладите генерации.
Според португалскиот репрезентативец, сите надворешни притисоци и шпекулации за наводни судири или неразбирања се целосно неосновани. Витиња заклучи дека фокусот на целата репрезентација останува насочен исклучиво кон остварување на зацртаните цели на теренот, каде што Роналдо и понатаму го има главниот збор како вистински предводник на тимот.



