Фудбал

Винисиус ја „пецна“ Барселона по „Ел Класико“ (ФОТО)

Винисиус ја „пецна“ Барселона по „Ел Класико“ (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор објави порака на социјалните мрежи по победата на Реал Мадрид од 2-1 против Барселона на „Камп Ноу“ во 10. коло од шпанската Ла Лига.

Ѕвездата на „кралевите“ не можеше да настапи во „Ел Класико“ поради суспензија, но по победата објави фотографија од резултатот и неколку емотикони кои беа сфатени како провокација од навивачите на Барселона.

Винисиус го пропушти дербито поради суспензијата од четири меча која ја доби по исклучувањето против Виљареал.