Реклама
Arena Sport
Фудбал

Винисиус објасни зошто тој го изведе пеналот, а не Бруно Гимараеш!

Винисиус објасни зошто тој го изведе пеналот, а не Бруно Гимараеш!

Бразил со 4-2 славеше на гостински терен кај Австралија во пријателски натпревар кој се одигра денеска.

Бразилците водеа со 3-2 кога беше досуден пенал за нив на десет минути пред крајот. Прв изведувач на пеналите во селекцијата на Бразил е Рафиња, а втор е Бруно Гимараеш.

Реклама
Arena Sport

Првиот веќе беше излезен од игра, вториот беше на терен, но изненадувачки пеналот го изведе Винисиус и погоди за конечни 4-2.

По мечот Винисиус објасни како се случил договорот за промена на изведувачот.

„Бруно Гимараеш е нашиот изведувач на пенали кога Рафиња не е во игра и мислев дека тој ќе го изведе пеналот. Но, тој знае дека мене ми треба малку самодоверба во овој момент, па…“, рече Винисиус.

Реклама
Arena Sport