Фудбал

ВИДЕО: Што се случува? Пред трагедијата имало уште еден тежок старт во шпанскиот фудбал

ВИДЕО: Што се случува? Пред трагедијата имало уште еден тежок старт во шпанскиот фудбал

Само неколку дена пред смртта на Де Мигуел, се случи тежок старт на друг меч од шпанската Сегунда.

Шпанија и натаму е во шок за смртта на фудбалерот Хесус Де Мигуел. Играчот на Тенерифе почина еден ден по жестокиот судар со голманот на Андора, Жесус Овоно.

Полицијата го истражува овој случај, дали има елементи за кривична одговорност на чуварот на мрежата, кој излезе и сакаше да интервернира пред Де Мигуел, меѓутоа следуваше жесток старт по кој фудбалерот на Тенерифе загуби свест, а потоа неговата состојба се влоши во болница, при што следниот ден настапи и смртта.

Два дена пред тој инцидент, се случи друг на натпревар исто така во Сегунда. На дуелот Албасете – Сабадел, Хосе Корпас доби црвен картон откако го удри со нога во главата противничкиот играч, при обид за волеј во шснаесетникот.

За среќа овој инцидент мина без никакви последици, односно противничкиот фудбалер мина само со лесна повреда.