Фудбал

Веќе нема дилеми: Куртоа отпадна – нема да брани на Ел Класико!

Веќе нема дилеми: Куртоа отпадна – нема да брани на Ел Класико!

Исчезнаа сите шанси Тибо Куртоа вечерва да го брани голот на Реал Мадрид против Барселона, белгискиот голман дефинитивно нема да настапи.

Утринава навивачите на Реал Мадрид доживеаа непријатен шок со информацијата дека Куртоа нема да брани на Ел Класико поради болест.

Потоа стигнаа вести дека голманот сам тргнал кон Барселона и прави се за да биде во состојба да настапи на големиот натпревар.

Сепак, надежта дека Куртоа ќе успее да се опорави и да брани, веќе ја нема. Реал Мадрид потврди дека тој нема да биде во составот.