Денеска ќе биде објавен освојувачот на „Златната топка“ за 2026 година на јубилејното 70. издание на церемонијата, која ќе се одржи во Лондон, а во ткра за престижната награда се номинирани 30 фудбалери.
Настанот ќе почне вечерва од 21 часот, а меѓу главните кандидати за освојување на наградата се Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Хари Кејн и Лионел Меси.
Меси е рекордер со осум освоени „Златни топки“, додека Кристијано Роналдо, кој не е меѓу номинираните оваа година, има пет пехари.
Минатата година наградата му припадна на Осман Дембеле, кој повторно е меѓу кандидатите за да го одбрани признанието.
Во женска конкуренција оваа година ќе има нова освојувачка бидејќи Аитана Бонмати, која триумфираше во претходните три изданија, не е номинирана поради повреда.