Фудбал

Вети дека ќе го тетовира селекторот доколку го освои Мундијалот, во недела ќе игра финале

Вети дека ќе го тетовира селекторот доколку го освои Мундијалот, во недела ќе игра финале

Шпанецот ќе треба да го исполни необичното ветување ако „фуријата“ го крене трофејот.

Шпанија против Аргентина во недела во 21:00 часот ќе го играат големото финале на Светското првенство. Доколку победи Шпанија, тогаш левиот бек Марк Кукуреља ќе треба да го исполни ветувањето кое го даде пред почетокот на Мундијалот.

„Ако Шпанија го освои Светското првенство, ќе го истетовирам ликот на Луис де ла Фуенте“, рече тогаш Кукуреља.

Слично ветување даде и пред Европското првенство 2024 година. Тогаш вети дека ќе ја обои неговата специфична коса во црвено ако го освои пехарот. И го исполни ветувањето.

Кукуреља кариерата ја почна во младинските категории на Барселона, а потоа преку Еспањол и Гетафе, стигна до Англија во Брајтон, па во Челси. Од идната сезона ќе игра во дресот на Реал Мадрид, кој го потпиша сред траење на Мундијалот.