Фудбал

Ветеранот потсети на најдобрите денови: Окампос постигна спектакуларен гол со „ножички“ (ВИДЕО)

Ветеранот потсети на најдобрите денови: Окампос постигна спектакуларен гол со „ножички“ (ВИДЕО)

Лукас Окампос постигна вистински еврогол на натпревар од мексиканското првенство со кој се најде во конкуренција за наградата „Ференц Пушкаш“, која се доделува за најубав погодок во годината.

Аргентинскиот фудбалер ја покажа својата класа на дуелот меѓу Монтереј и Тихуана, на кој со фантастични ножички ја крена публиката на нозе. Окампос доби одлично нафрлување од десната страна, а потоа од околу 14 метри со атрактивен удар преку глава ја испрати топката директно под гредата, оставајќи го противничкиот голман без никакви шанси.

Поранешниот фудбалер на Севиља, Монако, Олимпик Марсеј, Џенова и Милан на тој начин уште еднаш потсети на своите квалитети, а неговиот погодок сигурно ќе биде еден од најспектакуларните што ќе ги видиме оваа сезона.

Со голот на Окампос, Монтереј поведе со 3-2, но на крајот не успеа да стигне до трите бода. Тихуана се избори за израмнување, па натпреварот заврши без победник, со резултат 3-3.