Португалскиот стратег ја заврши авантурата на клупата на „чеканите“ по разочарувачкиот почеток на сезоната, а клубот веќе ја започна потрагата по нов тренер.
Вест Хем се раздели со Нуно Еспирито Санто, кој доби отказ по слабите резултати на почетокот од сезоната во Чемпионшип. Заедно со португалскиот стратег, клубот го напуштаат и неговите соработници Руи Педро Силва и тренерот на голманите Руи Барбоса.
Педесет и двегодишниот тренер пристигна во клубот во септември 2025 година, но не успеа да го спаси Вест Хем од испаѓање од Премиер-лигата. И покрај очекувањата дека веднаш ќе се бори за враќање во елитата, тимот не ги оправда прогнозите.
Вест Хем моментално се наоѓа на осмото место на табелата, а на последните шест натпревари забележа само две победи. Дополнителен удар за португалскиот стратег беа последните два порази, по кои раководството одлучи дека е потребна промена.
Подготовките на тимот привремено ќе ги водат Марк Нобл, Стив Потс и Џерард Прендервил, кои ќе ја имаат задачата да го подготват составот за следниот натпревар против Кардиф.
Во меѓувреме, клубот веќе започна потрага по нов тренер. Според информациите на англиските медиуми, меѓу главните кандидати за преземање на екипата е Скот Паркер, кој би можел да добие задача да го врати Вест Хем во Премиер-лигата.