Ракомет

Веселин Вујовиќ се разделува со Катар: „Заслужив подобра понуда по освојувањето медал“

Веселин Вујовиќ се разделува со Катар: „Заслужив подобра понуда по освојувањето медал“

Вујовиќ нема да ја предводи селекцијата на престојниот Мундијал во Германија.

Легендарниот ракометен стручњак Веселин Вујовиќ нема да ја предводи репрезентацијата на Катар на Светското првенство во 2027 година во Германија, откако не постигна договор за продолжување на соработката со ракометната федерација на оваа земја.

Вујовиќ, кој неодамна го предводеше Катар до сребрениот медал на Азиските игри во Јапонија, отворено ги објасни причините за заминувањето и истакна дека очекувал подобар однос по остварениот резултат.

„Точно е, не постигнавме договор за продолжување на соработката. Не добив коректна понуда по освојувањето медал на Азиските игри, каде што настапував со најстарата екипа во светот. Сметав дека заслужив договор до мај и квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лос Анџелес, но тие ми понудија соработка само до крајот на Светското првенство во јануари“, изјави Вујовиќ.