Американската тенисерка загуби од Софија Кенин во меч кој започна по полноќ и влезе во историјата на турнирот.
Венус Вилијамс не успеа да го помине првото коло на УС Опен, откако на стартот на турнирот во Њујорк загуби од сонародничката Софија Кенин со 2:0 во сетови, 6:2, 7:6.
Мечот започна дури во 00:13 часот по локално време, што го направи најдоцна започнатиот женски сингл-меч во историјата на УС Опен. На трибините останаа голем број навивачи кои сакаа да ја проследат настапот на 46-годишната Вилијамс.
Кенин одлично го започна дуелот и брзо направи предност, освојувајќи го првиот сет со 6:2. Во вториот сет Американката повторно поведе со брејк и стигна до 3:1, но Вилијамс успеа да се врати и да го одведе сетот во тај-брејк.
Таму Венус имаше свои шанси, но не успеа да ги искористи. Иако стигна до ситуација да освои седум сет-топки, Кенин остана смирена и го доби тај-брејкот со 8:6, со што го заврши мечот во два сета.
За Вилијамс ова беше 26-то учество во главниот сингл-ждреб на УС Опен. Седумкратната гренд слем шампионка настапи со специјална покана од организаторите.