Ѕвездата на Сан Антонио, Виктор Вембањама, имаше натпревар за заборав на стартот од новата сезона, имаше ужасен процент на шут од игра, само 7,7 проценти. Оклахома го доби мечот со 116-104.
Вембањама погоди 1 од 13 шутеви. Ги промаши сите четири обиди за тројка, а единствениот кош кој го даде беше со забивање.
Тој на крајот дојде до двоцифрен учинок, благодарение на слободни фрлања, изведе 10/12. Статистиката му беше 12 поени, 13 скокови, 3 асистенции и 6 блокади за 34 минути.
„Ова не е спортот кој го сакам“, рече Вембањама по мечот.
Објасни дека мора да се врати на кошарката во која ужива и дека нема причина да биде неодлучен. Тој призна дека промашувањата на почетокот од мечот влијаеле на понатамошниот тек. Не преземал шутеви кој обично ги шутира, губел самодоверба и премногу размислувал. Решението го гледа во поголема опуштеност и едноставност во играта.