Кошарка

Вембањама го украде шоуто за „Ноќта на вештерките“, а потоа ги уништи ривалите со 43 поени (ВИДЕО)

Вембањама го украде шоуто за „Ноќта на вештерките“, а потоа ги уништи ривалите со 43 поени (ВИДЕО)

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама ја одбележа „Ноќта на вештерките“ на необичен начин, откако пред натпреварот на Сан Антонио Спарс се појави во костим на Гералт од Ривија, главен лик од популарната серија „Вештерот“.

Но, вистинското шоу следуваше на теренот. Вембањама постигна 43 поени, додаде седум скока, четири асистенции и шест блокади, предводејќи ги Спарс до победа од 121:111.

За Вембањама ова беше уште еден спектакуларен настап на почетокот на сезоната, во која продолжува да ги потврдува своите квалитети на двете страни од теренот.

„Би требало да ја освојам МВП-титулата оваа сезона“, кажа Французинот, а со неговите настапи делува дека ќе има големи шанси за таков успех.

Останати резултати:

Њу Орлеанс пеликанс – Атланта хокс 121-99
Мемфис гризлис – Сакраменто кингс 136-105
Милвоки бакс – Кливленд кавалирс 111-136
Хјустон рокетс – Оклахома Сити тандерс 119-98