Реклама
Arena Sport
Кошарка

Вембанјама направи нешто што не е видено 52 години! (ВИДЕО)

Вембанјама направи нешто што не е видено 52 години! (ВИДЕО)

Ѕвездата на Сан Антонио, Виктор Венбанјама имаше брилијантна партија во победата на Сан Антонио во тексашкото дерби против Далас со 112-111.

Вемби мечот го заврши со 52 поени, што е најмногу во неговата кариера на еден меч од НБА, 24 скокови, што исто така е најмногу за него во кариерата, а имаше и осум блокади.

Реклама
Arena Sport

Тој е првиот кошаркар по Боб Мекадо во 1974 година со повеќе од 50 поени, повеќе од 20 скокови и повеќе од 5 блокади на еден меч.

Одлична партија имаше и Никола Јокиќ против Торонто, тој комплетираше уште еден трипл-дабл учинок. Србинот даде 32 поени, имаше 10 скокови и 11 асистенции. Денвер го доби мечот со убедливи 128-109.

Нова победа запишаа и Лејкерс, а предводник во триумфот беше кој ако не Дончиќ. Езерџиите со 116-103 славеа на гостувањето кај Сакраменто, Словенецот беше најефикасен со 40 поени, имаше и девет скокови и седум асистенции.

Резултати:

Детроит – Филаделфија 106-112
Вашингтон – Атланта 105-120
Бостон – Милвоки 109-102
Бруклин – Шарлот 114-104
Њујорк – Чикаго 135-105
Мемфис – Индијана 103-107
Њу Орлеанс – Јута 120-113
Оклахома – Кливленд 124-116
Хјустон – Минесота 107-117
Денвер – Торонто 128-109
Сан Антонио – Далас 112-111
Сакраменто – ЛА Лејкерс 103-116
ЛА Клиперс – Мајами 116-117

Реклама
Arena Sport