Фудбалскиот сојуз на Велс не го менува ставот за Џани Инфантино, односно нема да го поддржи на изборите за нов мандат на претседател на ФИФА.
Иако Инфантино кажа дека има поддршка од поголемиот дел од фудбалскиот свет, сепак од Велс пристигна порака дека нивната доверба не е заработена.
„Ние сме прва земја на светот која соопшти дека нема да го поддржи реизборот на Инфантино. Нашиот став дефинитивно не се промени., потребна ни е промена во начинот на управување со фудбалот. Не смее едно лице да има толку голема моќ“, велат од Велс.
Инфантино се наоѓа на чело на ФИФА од 2016 година, а најави кандидатура за нов мандат кој би траел до 2031 година. Претседателските избори за ФИФА се закажани за март 2027 година.