РК Вардар информираше дека има нови капитени за следната сезона, главниот е Васил Гогов кој долго време е во клубот.
Прв капитен ќе биде Васил Гогов, а втор Јака Малус.
„Играч кој долго време е верен на клубот, кој растеше со Вардар, се бореше за овој дрес и секогаш беше дел од црвено-црната приказна, сега добива нова и одговорна улога – да биде лидер на тимот на теренот и надвор од него. Капитенската лента е чест, но и обврска. Таа носи одговорност, карактер и пример за сите во соблекувалната. Веруваме дека Васил со својата посветеност, работа и љубов кон клубот ќе ја носи достоинствено. Нова сезона. Нови предизвици“, соопшти Вардар.
Фото: Денис Дуковски/РК Вардар