Фудбал

Вардар најави жалба по поразот од Тиквеш во Купот на Македонија

Вардар најави жалба по поразот од Тиквеш во Купот на Македонија

Македонскиот фудбалски шампипон Вардар загуби со 1-3 од Тиквеш во осминафиналето на Купот на Македонија, но по натпреварот најави дека ќе поднесе жалба.

Претставникот на ФК Вардар на записникот од натпреварот ја најавил жалбата, со што случајот би можел да добие дополнителна разрешница по одиграниот дуел.

Вардар се жали на неправилен настап на гостинската екипа и ќе чека реакција од Фудбалската федерација на Македонија, која треба да го каже последниот збор за ситуацијата.

Засега не е познато за кој фудбалер на Тиквеш планираат да се жалат „црвено-црните“.