Фудбал

Вардар назначи тренер кој бил шампион со Црвена звезда! (ФОТО)

Вардар назначи тренер кој бил шампион со Црвена звезда! (ФОТО)

Црногорскиот стратег, Миодраг Божовиќ – Гроф е нов тренер на Вардар, црвено-црните официјално го потврдија новиот предводник на првиот тим.

Вардар ја заврши потрагата по наследник на Кристијан Фабијани, изборот падна на искусниот Миодраг Божовиќ – Гроф.

„Миодраг „Гроф“ Божиќ е новиот шеф на стручниот штаб на ФК Вардар. Со ФК Вардар потпиша до летото 2028. година“, стои во соопштението на македонскиот шампион.

Божовиќ има богата тренерска кариера, а негови најголеми успеси се освоен Куп на Русија со Ростов и шампион на Србија со Црвена звезда.

Вардар назначи одличен стратег со богата биографија, останува да се види дали Божовиќ ќе може да го врати актуелниот шампион на победнички колосек.