Ракомет

Вардар го потврди тимот за новата сезона, Чупиќ доби седум нови имиња

Вардар го потврди тимот за новата сезона, Чупиќ доби седум нови имиња

Вардар го потврди составот за сезоната 2026/27, во која „црвено-црните“ повторно ќе настапуваат во Лигата на шампионите, покрај обврските во домашното првенство и Купот.

Стручниот штаб предводен од Иван Чупиќ ќе смета на седум нови засилувања кои треба да донесат дополнителен квалитет. Во тимот пристигнаа голманот Милан Бомаштар од Шартр, Матео Фадуил од Трембле, Мохаб Абделак од Кил,  левото крило Милан Ѓорчески од Пролет, десниот бек Леон Љевар од Слован, младиот Никола Нечовски од Академија Вардар, како и Бобан Поповски од Кил.

Костурот на екипата останува непроменет, па и во новата сезона ќе настапуваат Милош Валах, Васил Гогов, Гоце Георгиевски, Вукашин Воркапиќ, Махамаду Кеита, Џуниор Тузолана, Жоао Педро, Кристијан Анастасовски, Милан Лазаревски, Виктор Јанковски, Урош Митровиќ, Марио Стојановски и останатите ракометари кои минатата сезона стигнаа до двојната круна.