Македонскиот шампион Вардар се врати во Лигата на шампионите и веднаш покажа мускули, за жал одличната игра не беше доволна за победа, црвено-црните загубија со 31-33 од Мелсунген.
Момците на Иван Чупиќ се покажаа во одлично светло кај силниот Мелсунген, но не успеаа да направат изненадување.
Мечот почна изедначено, двете екипи се менуваа во водство, во еден период Мелсунген направи предност од три разлика, но македонскиот тим се врати и на полувремето замина со само еден негатива. Беше 16-15 за Мелсунген.
Во вториот дел Мелсунген се одлепи на пет голови разлика, но Вардар не дозволи рано да излезе од овој натпревар. Во игра влезе Гогов кој со серија одбрани внесе самодоверба во нашиот тим кој пак се врати на минус еден. Сепак кога се решаваше победникот, Мелсунген беше подобар и на крајот победи со 33-31.
Вардар имаше и силна поддршка од неколку стотини навивачи навивачи кои правеа одлична атмосфера во салата.
Најефикасен беше Воркапиќ со девет голови, Љевар даде сум, Абделак пет. Гогов имаше шест одбрани, Валах четири. Во тимот на Мелсунген Дростен и Гола дадоа по пет гола. Симиќ имаше 11 интервенции.
Следниот натпревар на Вардар е во Скопје, во салата „Јане Сандански“ на 16 септември гостува Нант.