Вардар и Бутел одиграа натпревар од Суперлигата во необичен термин, тоа не им пречеше на црно-белите да извојуваат убедлива победа.
Уште пред почетокот на натпреварот беше јасно кој ќе победи, мистерија беше само резултатот и начинот на кој шампионот ќе дојде до нов триумф.
Вардар на полувремето имаше предност од пет голови разлика, беше 20:15, во вториот дел момците на Чупиќ ја зголемија предноста до конечни 38-30.
Најрасположени во вардаровиот тим беа Матео Фадуил кој постигна 14 голови и Уриш Митровиќ кој реализираше девет. Двајцата заедно постигнаа 23 од 38. погодоци за Вардар.
Фото: Денис Дуковски/РК Вардар