Македонскиот шампион, Вардар, денеска го доби можниот противник за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите каде ќе игра доколку го помине финскиот Купс.
Ако Вардар биде подобар во двомечот против Купс, во следната рунда ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу Сабах од Азербејџан и Њу Сеинтс од Велс.
„Црвено-црните“ важеа за носители во оваа фаза од ждрепката, па избегнаа неколку поквалитетни и позвучни европски екипи. Сепак, пред Вардар прво е задачата да го мине Купс и да обезбеди пласман во второто квалификациско коло.
Во случај Вардар да не успее да го елиминира Купс, европскиот пат ќе го продолжи во квалификациите за Конференциската лига.