Раководството на Вардар вети богата премија за пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига.
Сумата која ќе ја поделат фудбалерите изнесува 100.000 евра, тоа е мотив плус да се мине летонскиот противник.
Вардар утре на Градски со почеток од 20 часот го игра првиот меч против Рига, реваншот е на 28. јули со почеток од 19 часот.
Директен пренос од утрешниот натпревар ќе може да следите на Арена Македонија.