Тросар потпиша, пред потпис се и Салах и Влаховиќ, а тимот од Истанбул тргнува да ја засилува и одбраната.
Турскиот гигант Бешикташ се подготвува да направи голем пробив на трансфер пазарот, со цел да го привлече Вирџил ван Дајк . Искусниот централен дефанзивец на Ливерпул е главна цел на клубот од Истанбул, кој сака да ја изгради својата одбрана околу него за следната сезона.
Според турските медиуми, агентот на холандскиот фудбалер треба денеска да пристигне во Истанбул на официјални средби со раководството на „црно-белите“ за да ги договори условите за негов ангажман.
Ван Дајк кој стана историска фигура на тимот на Ливерпул, ги разгледува сите варијанти околу продолжувањето на неговат акариера. Минатата сезона одигра 54 меча, и постигна осум голови и запиша три асистенции. Раководството на Бешикташ се обидува со примамлива понуда да го убеди капитенот на Холандија да прифати да се пресели во Истанбул.
Исто така и Ливерпул внимателно ја следи состојбата, во својата реконструкција на тимот. Иако раководството сака да го задржи, сепак, добра понуда од Истанбул би можела да го смени неговото мислење околу ветеранот. Со тоа „црвените“ би направиле голема реконструкција во одбраната, со оглед дека претходно од тимот си замина и Ибрахима Конате, кој замина во Реал Мадрид.