Ракомет

Валах: Важно ни е со победа да ја завршиме Лигата на шампионите!

Валах: Важно ни е со победа да ја завршиме Лигата на шампионите!

Голманот на Вардар, Милош Валах, беше херојот на црвено-црните во победата над Нант, тој е оптимист во пресрет и на натпреварот против Мелсунген.

Вардар во сабота со почеток од 18:45 часот го игра последниот натпревар од Лигата на шампионите, македонскиот тим е без шанси за место во следната фаза, но сите сакаат со победа да се простат од натпреварувањето.

„Ова е нашиот последен натпревар во Лигата на шампионите. Знаеме дека повеќе немаме можност за пласман во следната фаза, додека МТ Мелсунген сè уште се бори за продолжување на натпреварувањето“, вели Валах.

„Сепак, знаеме дека ќе играме во ЕХФ Европската лига и сакаме во тоа натпреварување да влеземе со две победи од Лигата на шампионите зад нас, а не само со една“.

„Добро се подготвуваме за натпреварот и пред нас е многу важна недела. За нас би било многу значајно настапот во Лигата на шампионите да го завршиме со втора победа.“