Фудбал

Бaри го замолкна „Сент Џејмс Парк: Евертон го нокаутира Њукасл (ВИДЕО)

Бaри го замолкна „Сент Џејмс Парк: Евертон го нокаутира Њукасл (ВИДЕО)

Евертон запиша важна гостинска победа над Њукасл од 1-0, во натпревар од деветтото коло во Премиер лигата.

Првото полувреме донесе можности пред двата гола, но ниту една од екипите не успеа да упати удар во рамките на противничката мрежа на „Сент Џејмс Парк“.

Одлуката падна во 49. минута, кога Тирно Бaри ја искористи невнимателноста на одбраната на Њукасл и го постигна единствениот погодок на средбата.

По примениот гол, домаќините се обидоа да се вратат во натпреварот и да стигнат до израмнување, но Евертон успешно го сочува минималното водство до крајот.

Евертон со овој триумф се искачи на седмата позиција на табелата со 13 бодови, додека Њукасл останува на 13. место со 11 освоени поени.