Ракомет

Бутел победи во Хрватска, но ја заврши европската сезона

Бутел победи во Хрватска, но ја заврши европската сезона

Eкипата на Бутел ја заврши европската сезона, иако денеска во Хрватска ја победи Горица со 25-24, тоа не беше доволно да се надополни негативата од три гола во првиот натпревар.

Иако имаа и предност од посакуваните три гола 25-22, македонскиот претставник си дозволи да прими два гола во финишот кои на Горица ѝ беа доволни да помине во следната фаза.

Најефикасен кај Бутел беше Дамјан Субашевски со седум гола, додека на спротивната страна марко Карула средбата ја заврши со осум гола.