Фудбал

Бројките не лажат: Мбапе е најголемиот кошмар на Барселона!

Бројките не лажат: Мбапе е најголемиот кошмар на Барселона!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе покажа дека е еден од најопасните противници за Барселона, а тоа го потврдуваат и бројките против каталонскиот гигант.

Мбапе постигна два гола во победата на „кралевите“ на „Камп Ноу“, а со тоа стигна до седум погодоци на седум меча против Барселона во „Ел Класико“ како фудбалер на Реал Мадрид.

Вкупниот број на голови против Барселона е уште поимпресивен, односно Мбапе одиграл 11 натпревари против каталонската екипа во сите натпреварувања, при што постигнал дури 14 голови, ако ги сметаме и погодоците во дресот на ПСЖ.

Мбапе има извонреден почеток на сезоната и стигна до 14 погодоци во 13 настапи оваа сезона.