Фудбал

Бројките на Де ла Фуенте со Шпанија се неверојатни – каков тренер! (ФОТО)

Бројките на Де ла Фуенте со Шпанија се неверојатни – каков тренер! (ФОТО)

Луис де ла Фуенте ќе биде запишан во историјата на шпанскиот фудбал како еден од најдобрите селектори, неговите успеси зборуваат гласно.

Де ла Фуенте својата мисија со шпанските репрезентации ја почна со селекцијата до 19 години со која го освои Европското првенство во 2015 година.

Четири години подоцна ја водеше Шпанија У21 до титула од Европско првенство.

Потоа го зема кормилото на сениорскиот тим и почна да жнее успеси и со А репрезентацијата на Шпанија.

Најпрво во 2023 ја освои Лигата на нации, а следната година стана Европски шампион.

Оваа година Де ла Фуенте го покори и светот, ја направи Шпанија Светски шампион.

Откако стана селектор во 2022 година, има само два порази.

Шпанија под негово водство веќе има 38 меча без пораз, што е нов светски рекорд кога репрезентациите се во прашање.