Фудбал

Брегалница се засили со напаѓач од Канада!

Брегалница се засили со напаѓач од Канада!

Фудбалскиот клуб од Штип, Брегалница денеска се пофали со ново засилување, станува збор за млад канадски напаѓач.

Во пресрет на денешниот натпревар против Шкендија Арачиново, Брегалница доби нов играч.

„Натаниел Лоренцо е нова опција во нападот на Брегалница! Од Канада ни пристигнува млад, перспективен напаѓач, со брзина, енергија и голема желба за докажување. Веруваме дека неговата младост, талент и напаѓачки квалитети ќе донесат нов импулс и дополнителна опасност пред противничкиот гол. Лоренцо веќе извесен период тренира со клубот, а денес е неговата официјална промоција.
Лоренцо има само 21 годинa и подеднакво добро ги покрива сите напаѓачки позиции. Од својот матичен клуб Pro Stars Toronto FC, прави трансфер во Европа, поточно во подмладокот на Ѓер, од каде преминува во Татабања“,
стои во соопштението на штипскиот клуб.