Фудбал

Брегалница во еден ден промовираше три нови засилувања

Брегалница во еден ден промовираше три нови засилувања

Нови имиња во повратникот во прволигашката конкуренција се голманот Јашар, играчот од средниот ред Стојкоски и напаѓачот Алексовски.

Во обидот да го избори опстанокот во Првата лига откако се врати во неа, Брегалница ги екипира своите редови. Штипскиот тим во еден ден промовираше три нови имиња.

Станува збор за голманот Амир Јашар, кој досега беше стандарден на голот на Башкими и беше еден од заслужните што екипата остана во Првата лига.

Второто ново име е одличниот играч од средниот ред, Кристијан Стојкоски. Стојкоски досега играше за Тиквеш, а има огромно прволигашко искуство откако играше и за Македонија ЃП, Работнички, АП Брера, Шкупи…

Третиот „новајлија“ во тимот од Штип е Филип Алексовски. Станува збор за млад офанзивен играч кој досега беше дел од Башкими, а во минатото играше за Македонија ЃП.