Марко Бојковиќ стана шампион во лесна категорија во ФНЦ, откако брутално го нокаутира Лом-Али Ескиев на настанот ФНЦ 34, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Српскиот борец ја заврши борбата уште во првата рунда, и тоа за помалку од една минута, откако му зададе силен удар на Ескиев, кој заврши на подот.