Реклама
Arena Sport
Фудбал

Борнмут со два пенали и играч повеќе убедливо го совлада Милан

Борнмут со два пенали и играч повеќе убедливо го совлада Милан

Англискиот тим славеше со 3:0 во третото коло во Лигата на Европа, откако голманот на „росонерите“ Мањан беше исклучен во 28. минута.

Фудбалерите на Борнмут остварија убедлива победа од 3:0 над Милан во третото коло од Лигата на Европа. Англискиот тим ја искористи предноста на домашниот терен, но и фактот дека италијанскиот гигант речиси еден час играше со фудбалер помалку.

Реклама
Arena Sport

Борнмут поведе уште во седмата минута, кога Џастин Клајверт беше прецизен од белата точка. Домаќините продолжија со офанзивната игра, а во 28. минута добија дополнителна предност, откако голманот на Милан, Мајк Мењан, беше исклучен поради удар со рака во лицето на противничкиот фудбалер Тајлер Адамс.

Милан остана со десетмина на теренот, а Борнмут повторно ја искористи ситуацијата. Маркус Таверние во 32. минута реализираше пенал за водство од 2:0 и уште потежок предизвик за гостите.

Конечниот резултат го постави Амин Адли во 84. минута, со што ја потврди убедливата победа на англискиот тим.

Со овој триумф Борнмут стигна до девет бода и третото место на табелата, додека Милан остана со три бода на 24. позиција.

Реклама
Arena Sport