Брајтон имаше неверојатен почеток на натпреварот против Кристал Палас, а вториот погодок беше вистинско ремек-дело.
Диего Гомез ја одзеде топката на средината од теренот и веднаш забележа дека противничкиот голман е далеку од гол-линијата. Без многу размислување, фудбалерот на Брајтон испрати удар од голема далечина и со фантастична прецизност ја смести топката во мрежата.
Публиката на „Амекс“ имаше причина за воодушевување, а погодокот на Гомез сигурно ќе биде еден од најатрактивните во оваа рунда од Премиер лигата.