Фудбал

Бока Јуниорс повторно го најде „лекот“ за Ривер Плејт, гостите останаа со двајца играчи помалку (ВИДЕО)

Бока Јуниорс повторно го најде „лекот“ за Ривер Плејт, гостите останаа со двајца играчи помалку (ВИДЕО)

Тимот од „Ла Бомбоњера“ освои девет бода од дуелите со вечниот ривал сезонава во натпреварите од аргентинскиот шампионат.

Бока Јуниорс ја победи Ривер Плата со минимални 1:0 и го доби вечното дерби на аргентинскиот фудбал по трет пат по ред. Натпреварот беше дел од 15-то коло од регуларната сезона во аргентинскиот шампионат – Торнео„Клаусура“, при што Бока триумфираше со 1:0 во првата фаза – „Апертура“, кога натпреварот се играше на „Монументал“.

Сега „милионерите“ се поклонија пред домот на својот вечен ривал „Ла Бомбонера“.

Стрелец на единствениот погодок беше Лаутаро Ди Лољо во 27. минута на додавање на Виља.

Многу им помогна на домаќините и црвениот картон на Мартинез Куарта уште во 10. минут, а потоа и Монтиел во 79. минута исто така доби црвен картон, со што Ривер го заврши мечот со девет играчи.