Тренерот на шампионот го најави дербито, и напомена дека противникот е добро анализиран, потенцирајќи дека факторот изненадување е многу важен на ваквите пресметки.
Во интервјуто за Арена Спорт Македонија, тренерот на Вардар Миодраг Божовиќ се осврна и на дербито со Шкендија.
Црногорскиот стручњак рече дека Вардар ќе го очекува тешка задача, затоа што игра против еден квалитетен противник, но и дека е добро анализиран противникот.
„Сигурно нè очекува тежок натпревар, бидејќи Шкендија има свои квалитети и неколку многу добри и интересни играчи. Ги анализиравме, ги видовме нивните добри и лоши страни, а сигурно и тие го прават истото со нас. Ќе се обидеме да ги изненадиме, како што и тие веројатно бараат начин да нè изненадат нас. Тој фактор на изненадување е многу важен во ваквите натпревари“, изјави Миодраг Божовиќ за Арена.
Натпреварот Шкендија – Вардар се игра денеска со почеток во 14 часот на Градскиот стадион во Гостивар, а може да го следите во живо на Арена Спорт М3.