Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски оствари импресивна победа на настанот „Глори 110“ во Антверпен, Белгија, откако со технички нокаут во првата рунда го совлада Мароканецот Ајмане Латифи.
Илиоски имаше извонреден настап и од самиот почеток на борбата наметна жестоко темпо. Македонскиот борец двапати го испрати противникот во нокдаун, а потоа зададе уште еден решавачки удар, по кој судијата ја прекина борбата и му ја додели победата со технички нокаут.
Мароканскиот борец пред пресметката беше голем фаворит, но Илиоски блесна во рингот и уште во првата рунда му одржа лекција.