Фудбал

Блескавиот трофеј во рацете на најдобрите: Шпанија ја замени Аргентина на светскиот трон! (ВИДЕО)

Блескавиот трофеј во рацете на најдобрите: Шпанија ја замени Аргентина на светскиот трон! (ВИДЕО)

Шпанија го крена големиот пехар од рацете на Инфаинтино и на Трамп.

Шпанците се новите светски шампиони откако во финалето во продолжението ја совладаа Аргентина со 1-0, и практично се заменија со нив на светскиот трон.

Шпанија апсолутно заслужено, доминирајќи низ целиот натпревар, го добија финалето и во следните четири години ќе бидат на светскиот трон. Шпанците повторно успеаја да ги обединат титулите Европски и Светски првак, како што им успеа и во 2010 година, откако две години претходно дојдоа и до трофејот на ЕП.

Златниот џокер на Шпанците беше Феран Торес, кој во 106 минута успеаја да стигнат до победата. И одбраната ја заврши работата, примајќи само еден гол на целото светско првенство.

На крајот претсдателот на ФИФА, Џани Инфантино и првиот човек на САД Доналд Трамп, го доделија пехарот на најдобрите на светот.