Босна и Херцеговина го победи Катар со 3-1 и речиси сигурно ќе игра во нокаут фазата од Светското првенство, но математички уште не е таму.
Босанците ќе бидат една од осумте најдобро третопласирани селекции, а може да извисат само ако се случи светско чудо.
Математиката вели дека само еден резултат да излезе од овие десет, Босанците одат понатаму. Би било сензација доколку тоа не се случи.
Во продолжение натпреварите со обложувалнички речник:
Чешка – Мексико X2
Шкотска – Бразил 2
Еквадор – Германија X2
Јапонија – Шведска 1
Египет – Иран 1Х
Белгија – Нов Зеланд Х
Шпанија – Уругвај 1Х
Зеленортски Острови – Саудиска Арабија Х
Конго – Узбекистан Х2
Хрватска – Гана 2
Според ова, доколку ноќеска Бразил ја победи Шкотска или Мексико не загуби од Чешка, БиХ веќе ќе може да слави пласман во нокаут фазата.