Фудбал

БиХ има сè во свои раце, а постои едно сценарио во кое и со висока победа ќе останат без нокаут фаза на СП!

БиХ има сè во свои раце, а постои едно сценарио во кое и со висока победа ќе останат без нокаут фаза на СП!

Фудбалската селекција на Босна и Херцеговина вечерва има решавачки предизвик против Катар на Светското првенство, а триумфот речиси сигурно значи пласман во нокаут фазата.

Според анализата на Семир Зилиќ, шансите „змејовите“ да продолжат понатаму со победа се дури 99 проценти. Сепак, постои и мал простор за изненадување.

Доколку Босна и Херцеговина победи со три или повеќе голови разлика, тогаш нема дилеми и пласманот е обезбеден. Ако триумфот биде со два гола разлика, ќе биде доволно да се исполни барем едно од следните сценарија:

  • Чешка да избегне пораз од Мексико
  • Бразил да ја совлада Шкотска
  • Германија да не загуби од Еквадор
  • Јапонија да ја победи Шведска
  • Египет да остане непоразен против Иран
  • Нов Зеланд да освои барем бод против Белгија
  • Шпанија да не загуби од Уругвај
  • Зеленортските Острови да избегнат пораз од Саудиска Арабија
  • Узбекистан да не загуби од Конго
  • Гана да ја победи Хрватска

Во случај победата да биде минимална, со еден гол разлика, тогаш ќе треба да се исполнат најмалку три од следните услови:

  • Чешка да избегне пораз од Мексико
  • Бразил да ја совлада Шкотска
  • Австралија да не загуби од Парагвај
  • Германија да не загуби од Еквадор
  • Јапонија да ја победи Шведска
  • Египет да остане непоразен против Иран или Нов Зеланд да освои бод против Белгија
  • Шпанија да не загуби од Уругвај или Зеленортските Острови да избегнат пораз од Саудиска Арабија
  • Австрија да не загуби од Алжир
  • Узбекистан да не загуби од Конго
  • Гана да ја победи Хрватска

Иако постојат различни комбинации, суштината е јасна, победа против Катар речиси сигурно ја носи Босна и Херцеговина во следната фаза. Без триумф, шансите исчезнуваат.

Натпреварот се игра вечерва од 21:00 часот во Сиетл.