Фудбал

Бизарно: Еден клуб ќе игра два куп-натпревари во ист термин!

Бизарно: Еден клуб ќе игра два куп-натпревари во ист термин!

Целосно неверојатна и бизарна ситуација ни пристигнува од шкотскиот фудбал.

Шкотскиот петтолигаш Џонстон Бург се најде во апсурдна ситуација и принуден е да одигра два различни натпревари во исто време, на истиот ден (21 ноември), бидејќи никако не успеал да постигне договор со противниците и фудбалските сојузи за промена на термините.

Едниот дел од екипата ќе гостува кај Тејпорт во рамките на Шкотскиот куп на заедниците, со почеток во 14:30 часот.

Другиот дел од тимот ќе игра против Данипејс во рамките на Лоуленд лига купот, со почеток во 15:00 часот.

Клубот објави официјално соопштение во кое потврди дека ги исцрпел сите можни опции. Дури понудил натпреварите да се одиграат еден по друг, да ги покрие трошоците или да се откаже од дел од приходите од влезниците.

Сепак, бидејќи не бил постигнат договор за промена на традиционалниот саботен термин, клубот ќе мора да го подели својот играчки кадар на два дела за да настапи на двата натпревари, кои почнуваат со разлика од само 30 минути.