Други спортови

Бизарна грешка: На тимот на Јужна Кореја им пуштиле химна на Северна Кореја (ВИДЕО)

Бизарна грешка: На тимот на Јужна Кореја им пуштиле химна на Северна Кореја (ВИДЕО)

Хокеарите на Јужна Кореја останаа збунети откако организаторите по грешка ја пуштија химната на нивниот северен сосед.

Бизарна ситуација се случи на Азиските игри во Јапонија, каде што пред натпреварот во хокеј на трева меѓу Јужна Кореја и Бангладеш по грешка беше интонирана химната на Северна Кореја.

Натпреварот се играше во Гифу, а кога започна химната на Северна Кореја, репрезентативците на Јужна Кореја останаа збунети и не знаеја како да реагираат. Некои стоеја мирно, други ја ставија раката на срце, додека дел од нив со своите реакции покажаа дека нешто не е во ред.

Организаторите веднаш сфатија дека направиле грешка, по што спикерот јавно се извини. Потоа беше пуштена химната на Бангладеш, а дури потоа и официјалната химна на Јужна Кореја.

Поради доцнењето и приближувањето на предвидениот почеток на натпреварот, судијата им нареди на играчите да ги разменат вообичаените поздрави додека сè уште траеше химната на Јужна Кореја. Така, домаќинот на натпреварот не успеа ниту правилно да ја испее својата химна пред почетокот.

На крајот, Јужна Кореја на спортски план немаше проблеми и убедливо го совлада Бангладеш со 5:0.

Азиските игри официјално започнуваат на 19 септември, но дел од натпреварите се играат и пред церемонијата на отворањето поради големиот број спортови и учесници. На Игрите во Аичи-Нагоја настапуваат повеќе од 11.000 спортисти од 46 земји.