Тенис

„Беше тешко да се гледа Ѓоковиќ како плаче, но мислам дека нема намера да се пензионира“

„Беше тешко да се гледа Ѓоковиќ како плаче, но мислам дека нема намера да се пензионира“

Легендарниот Виландер верува дека Ѓоковиќ ќе се врати следната сезона и покрај болниот пораз на стартот на УС Опен.

Новак Ѓоковиќ доживеа еден од најболните порази во својата кариера на УС Опен, но легендарниот Матс Виландер не верува дека тоа значи и крај на патот за српскиот тениски ас.

Ѓоковиќ беше елиминиран уште во првото коло во Њујорк, откако во драматичен меч со пет сета загуби од Аргентинецот Маријано Навоне. Средбата траеше повеќе од четири и пол часа, а српскиот тенисер во текот на мечот имаше сериозни физички проблеми.

Новак неколкупати повраќаше на теренот, се бореше со грчеви и болки, а во финишот беше очигледно дека физички повеќе не може да го следи ритамот на противникот. По последниот поен, Ѓоковиќ беше видно емотивен и со солзи го напушти теренот.

Токму тие сцени го погодија и Виландер, но поранешниот светски број еден во нив гледа нешто позитивно.

„Беше навистина тажно. Не знам точно што му се случи или колку лошо се чувствувал пред мечот, бидејќи видовме дека повраќаше на теренот. Дали тоа беше поради должината на мечот или стануваше збор за проблем кој го мачел и претходно?“, изјави Виландер.

Швеѓанецот особено тешко ги доживеал моментите кога Ѓоковиќ се расплака.

„Беше многу тешко да се гледа како плаче затоа што не може да игра на 100 проценти. Но, тоа ми кажува многу. Тој нема намера да се пензионира. Ќе се врати следната година и ќе продолжи да се бори и да се обидува, затоа што чувствува дека сè уште може да биде голема закана за најдобрите“, додаде Виландер.