Поранешниот голем талент на српскиот фудбал продолжува во редовите на Лозница.
Српскиот фудбалер Данило Пантиќ кариерата ќе ја продолжи во Лозница, откако постигна договор со клубот и ќе го носи дресот на тимот кој своите натпревари ги игра на стадионот „Лагатор“.
Пантиќ своевремено беше сметан за еден од најголемите таленти на српскиот фудбал. Во 2015 година го напушти Партизан и направи голем трансфер во Челзи, но никогаш не успеа да добие шанса за настап во првиот тим на англискиот гигант.
Наместо тоа, беше испраќан на повеќе позајмици. Настапуваше за Витесе и Екселсиор во Холандија, а потоа се врати во Партизан, каде што помина значаен дел од кариерата. Исто така играше и за Видеотон и Чукарички.
Пантиќ подоцна повторно го носеше дресот на Партизан, а последниот период од кариерата го помина во Младост Лучани.
Сега следи нов предизвик за 29-годишниот фудбалер, кој ќе се обиде да го врати своето најдобро издание во Лозница.
Интересно е што Пантиќ во Челзи пристигна како голем талент од Партизан. Англискиот клуб го доведе во 2015 година за 1 милион евра, но уште тогаш беше испратен на позајмица во Витесе за да собира искуство и минути.