Бетис му нанесе пораз на Реал Мадрид, играјќи максимално ангажирано, а за денеска најавите се дека Пелегрини ќе одмора дел од своите клучни фудбалери.
Вечерва Бетис ја пречекува Барселона и во Реал Мадрид се надеваа дека конечно тоа е клуб кој може да им пружи отпор на Каталонците.
Сепак, информациите велат дека дел од клучните играчи на Бетис нема да играат на денешниот меч. Пелегрини решил да ги одмори меѓу двата европски натпревари против Порто и Феенорд.
Од Бетис како да се предаваат, и веќе да имаат впишано пораз од дуелот со Барселона.
Ваквите информации во Мадрид пристигнаа на нож, во коментари фановите го искажуваат својот револт.
Потенцираат дека ист беше случајот и со Расинг кој на мечот со Барса одмораше дел од клучните играчи. Сега Бетис го прави истото.
Мадридистите потенцираат дека шпанските клубови против Реал играат како тоа да е финале од Лигата на шампионите, а против Барселона не ни влегуваат со полн капацитет.
Мечот меѓу Бетис и Барселона се игра од 18:30 часот, а дали тоа ќе биде уште една лесна прошетка за момците на Флик, останува да се види.