Фудбал

Бесплатен влез за фудбалерчињата и нивните тренери на мечот Македонија – Шкотска

Бесплатен влез за фудбалерчињата и нивните тренери на мечот Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека влезот на денешниот меч меѓу нашата репрезентација и Шкотска ќе биде бесплатен за дечињата кои се дел од младинските фудбалски лиги.

Македонија денеска со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Шкотска во меч од третото коло во Лигата на нации.

ФФМ реши да ги отвори вратите за најмладите, а бесплатен влез има и за организирани навивачки групи.

„Бесплатен влез на натпреварите на Македонија имаат младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детската лига, фудбалските школи, како и сите младински категории во системот на ФФМ – пионери, помлади пионери, кадети и младинци.

За натпреварот Македонија – Шкотска, влезот за нив на западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ е бесплатен.

Свое место на трибините имаат и навивачките групи кои побараа организирано присуство на натпреварот.

Бесплатниот влез за најмладите фудбалери и нивните тренери е обезбеден за сите натпревари на Македонија во овој циклус“, стои во соопштението на ФФМ.